Ватикан го оценил пречекот на папата во Македонија како еден од подобро организираните

by fokus

Службата за протокол на Ватикан со честитка до Владата на Република Северна Македонија го оценила пречекот на папата Франциск како еден од подобро организираните.

Координативното тело за посетата на Папата Франциск на нашата земја се заблагодарува на сите граѓани и на сите вклучени во организацијата и оценува дека сите обврски за посетата се исполнети беспрекорно

„Координативното тело на својата завршна седница оцени дека посетата беше спроведена според сите предвидени највисоки стандарди и процедури за пречек на највисоки гости од посебно значење за Република Северна Македонија. Особена благодарност им се упатува на граѓаните на Република Северна Македонија, посебно на граѓаните на Скопје и на Општина Центар кои покажаа огромно разбирање, трпеливост и соработка со задолжените институции за организација на посетата на Папата Франциск. Благодарност заслужуваат и бројните верници и гости од земјите од регионот и пошироко кои ги почитуваа насоките и го дадоа и својот придонес за достојна организација на настанот“, соопштија од Владата.

 

Поврзани новости