Тони Трајковски од градоначалник на Гази Баба се вратил во ЕЛЕМ каде работи како референт

by fokus

Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, по завршување на градоначалничката функција се вработил во Акционерското друштво ЕЛЕМ. Трајковски го изјави тоа денеска на судењето по предметот „ТНТ“ каде е третообвинет за рушењето на деловниот комплекс „Космос“.

Трајковски пред да стане градоначалник беше директор на подружница на ЕЛЕМ енергетика. Додека ја извршувал функцијата градоначалник, неговото работно место во ЕЛЕМ било во мирување.

По завршувањето на неговиот мандат, во ноември минатата година, побарал да неговото работен однос во акционерското друштво да биде повторно активирано.  Тој сега работи на позицијата одговорен референт за отчитување, пресметка и контрола на топлинска енергија.

 

Поврзани новости