Толпа селани нападнале полициски службеници кои сакале да сопрат дрвокрадци

by fokus

Полициски службеници со Итна помош биле вчера пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ откако биле нападнати од толпа селани во скопското село Долно Количани. На полициските службеници им е укажана лекарска помош и констатирани им биле телесни повреди. Селаните ги нападнале затоа што полицајците сакале да застанат дрвокрадци.

„На 09.05.2019 година околу 17,35 часот во с.Д.Количани-скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево при преземање на службени дејствија со цел да запрат две товарни моторни возила натоварени со дрва, биле физички нападнати од повеќе лица жители на селото. Во тој момент бидејќи им била загрозена сигурноста полициските службеници испукале по еден предупредувачки истрел во воздух и успеале да се оттргнат од насобраната толпа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираа од МВР.

Поврзани новости