470
Со осум гласа „за“ и еден воздржан собраниската Комисијата за политички систем денеска го прифати барањето на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес , Тодор Петров, да собира потписи за референдум против името „Република Северна Македонија“.
Како што образложи иницијаторот на денешната седница, спогодбата потпишана од Коѕијас и Димитров не постои како правен документ, поради што и промената на името е направена нелегитимно.
За Тодоров да го спроведе референдумот потребно е спикерот Талат Џафери да даде мислење дека иницијативата е уредна. Откако Собранието ќе ја извести ДИК, подносителот има рок од три месеци да собере потписи. Потребни се 150.000 потписи за да се спроведе нов референдум.