Пред да биде одложено денешното рочиште во предметот „Титаник 3“, за изборни нерегуларности во Чаир, дојде до препукување меѓу обвинителите на СЈО и одбраната на обвинетиот пратеник од ДУИ, Ејуп Алими. „Сакам да кажам“ пренесува дека Алими им се обратил на обвинителите од СЈО Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи во врска со еден од клучните сведоци на СЈО кој требаше да даде исказ на денешното рочиште.
Алими им рекол на обвинителите дека одбраната е поревносна од нив и дека до судот доставила венчаница со адресата на сведокот, а дека СЈО ништо не прави во врска со тоа.
Тогаш, Бубевски му рече: „Да, да, вие сте подобри од нас, секако“.
Адвокатот Мефаил Арслани му одговори: „Да, подобри сме, секако“.
Бубевски искоментира: „Да, добри сте и кога ми се заканувате.“
„Кој ви се заканувал“, праша адвокатот.
Адвокатот ова гласно го негирал, а обвинетите молчеле.