Тетовец со уцени на фејсбук принудувал девојка да има сексуален однос со него

by fokus

Против 30-годишен тетовец е поднесена кривична пријава за  сторено  кривично дело „злоупотреба на лични податоци”. Според полицијата 30-годишниот С.Т. уценувал девојка да има сексуален однос со него.

„Во текот на април 2018 година на социјалната мрежа „Facebook”, пријавениот креирал лажен профил од женско лице од Тетово. Тој стапил во комуникација со неа, а објавил и фотографија со компромитирачка содржина од неа и ја уценувал да стапи во интимен однос со него“, велат од МВР.

Поврзани новости