Тетовчанец си го ограбил дедото за да исплати долг

by fokus

Против 29-годишен тетовчанец е поднесена кривична пријава за сторено дело кражба. Полицијата го товари Е.К. дека го ограбил таткото на својата сопруга, при што му нанел штета од околу 2.000 евра. Кражбата ја направил за да исплати долг.

„Во текот на декември 2017 година, во село Урвич, Е.К. при згодна прилика го одзел клучот од куќата на таткото на неговата сопруга,  кој е на привремена работа во Италија. После тоа, отишол во куќата и одзел сигнален пиштол „Екол мајор“ калибар 9 мм, кој сопственикот го поседувал со одобрение и златен накит и бижутерија, со што му нанел штета од околу 120.000 денари. По ова, Е.К. му го дал  пиштолот на Б.А. како надомест за долг што го имал кон него“, велат од полицијата.

Поврзани новости