ВИДЕО Тамара и нејзиниот тим на гости кај Заев

by fokus

Македонската претставничка на овогодишната Евровизија, Тамара Тодевска, и кнејзиниот авторски и сценски тим, вчера се одѕваа на поканата на премиерот, Зоран Заев, во Владата.

Од владината прес служба информираат дека Заев во свое име, во име на Владата, како и во име на граѓаните ѝ се заблагодарил на Тамара и на целата екипа за извонредниот настап и со огромниот успех што го постигнаа со песната „Горда“ (Proud).

„Во таа чест, премиерот Заев на Тамара и на тимот им додели плакета како знак за признание за историското прво место, како резултат на гласањето на стручното жири на најгледаната манифестација на популарната музика во светот – Евросонг 2019 во Тел Авив, Израел, за композицијата „Горда“ (Proud), која ја направи нашата земја главна тема на евровизиското музичко шоу што го гледаа 200 милиони гледачи.
Премиерот Заев истакна дека Тамара и тимот на Северна Македонија на Евросонг 2019 станаа херои и силен глас за гордоста со која девојките и жените се борат за остварување на своите права“, соопштија од Владата.

Поврзани новости