520
По повод датумот 23 мај, Националниот ден на Власите, претседателот на Собранието, Талат Џафери, му го честиташе празникот на Влашката заедница на Република Македонија. Џафери во писмото со честитки изрази благодарност и почит за Власите во земјата.
“Придонесот на влашката заедница во Република Северна Македонија е сеприсутен и важен за целокупниот општествен живот на земјата. Власите се познати како богати и образовани луѓе, имаат многу истакнати личности кои живеат и работат во нашата земја, активно вклучени во политиката, уметноста, образованието и медицината. Затоа, дозволете ми да изразам благодарност и почит кон вас “, се вели меѓу другото во писмото на Џафери.