Претседателот на Собранието, Талат Џафери, одговарајќи на прашања на обвинителот, Дарко Јакимовски, на деношното рочиште во Кривичниот суд, опиша што се случило на „крвавиот четврток“ во Собранието.
-Влеговме во прес салата, давав изјава за медиумите. Пред да завршам на монитор ја гледавме состојбата пред Собранието. За кратко дел од нив влегоа во Собранието. Дел од обезбедувањето не дозволуваше да се отвори вратата во прес салата, но притисокот беше голем и дел од граѓаните влегоа. Веднаш почнаа и нападите врз пратениците. Тие направија кордон и ми рекоа да застанам позади за да не стигнат до мене – се присети Џафери, ко додаде дека лего од него бил Зијадин Села.
Тој објасни дека граѓаните прво почнале физички да ги напаѓаат пратениците, но до него не успеале да досегнат.
-Потоа почнаа да фрлаат со се што ќе им дојде до рака. Целата опрема се користеше како средство за напад. Цел на напад бевме ние. Имаше извици: Ќе ве убиеме сите. Најмногу им се закануваа на Заев, Шекеринска, Спасовски и Села – рече Џафери.
Тој појасни дека му рекол на Села да стои позади и да не се поместува.
-Во еден момент кога се свртев, зошто често зборував на телефон, Села го немаше. Понатаму не знам што се случи со него – рече Џафери.
Џафери помислил дека некој од обезбедувањето го извлекол Села надвор, но еден од напаѓачите рекол „Со Села завршивме, сега редот е на вас“.
-Почнаа да викаат дека ние што сме останале внатре да потпишеме дека не важи тоа што претходно се случило во Собранието – рече Џафери.
Тој додаде дека повеќе не го видел Села, бидејќи го евакуирале.
-Од Никола Тодоров слушнавме дека Села и Шекеринска се тешко повредени и ги бараат. Во меѓувреме го најдоа Села и не известија дека е однесен во Клинички центар. Откако не однесоа во касарната Ѓорче Петреов, од таму отидов да го посетам Села – рече тој. – рече Џафери.
Од сведочењето на Џафери може да се заклучи дека тој не ги видел напаѓачите на Села, но ја опиша целосната слика. На дополнителни прашања на обвинителот рече дека во Собранието имало луѓе со фантоми и дека тие ги предводеле останатите. Тој појасни дека во салата 3, односно во прес центарот, требало да има камери кои би го нисмиле целиот крвава настан, бидејќи претходно со нив се снимале седниците на работните групи.
Валентина Вурмо