Судскиот Совет ја поддржа номинацијата на Мирјана Лазарова Трајковска за судија во Хаг

by Fokus

Судскиот Совет на денешната седница ја поддржа номинацијата за кандидатура на врховната судијка Мирјана Лазарова Трајковска  за судија во Меѓународен кривичен суд во Хаг.

Лазарова Трајковска кој е поранешена судијка во Европскиот суд за човекови права, за Телма вели дека Македонија за прв пат ќе номинира кандидат за судија во овој суд и објаснува дека процедура за избор е сложена и долга и може да трае и подолго од една година.

„Право да номинираат судии во овој суд имаат 156 земји членки потписнички на Римскиот Статут. Во моментот има отворено шест судиски места од кои две се за земјите од Источна и Централна Европа, во чија група е и земјава. Тоа значи дека за двете слободни места може да се номинираат кандидати од 18 земји. Постапката опфаќа сложен процес на проверка на квалитетот на кандидатите а на крај се гласа со дво – третинско мнозинство од 156 земји членки на Римскиот Статут“, објаснува Лазарова Трајковска за Телма.

Поврзани новости