Судијата Ставрев за пресудата во „Титаник 2“: Обвинетите ја злоупотребиле демократијата и волјата на граѓаните за своите партиски интереси

by fokus

Соопштувајќи ја пресудата во предметот „Титаник 2“ на СЈО, претседателот на судечкиот совет, Огнен Ставрев, образложи зошто обвинетите се прогласуваат за виновни. Тој ја соопшти пресудата во име на граѓаните на Република Северна Македонија и рече дека обвинетите не само што го оштетиле буџетот, туку и ја злоупотребиле волјата на граѓаните за своите партиски интереси.

-Држ базирана на владеење на правото во правна смисла на зборот би била правна држава. Никој и никако не сме и не може да го постави неправото да биде над правниот систем и никој поединец или група не смее да биде над правото. Со тоа судот е на мислење дека никој нема право да ја узурпира правната држава за лични и тесни интереси на поединци и групи и да профитира од тоа. Никој нема право да одземе нечие достоинство или да створи услови кои како последица би имале губење на правот. Судот смета дека со сите против правни дејства нанесена е штета на државниот буџет, но тоа не е единствената суштинска повреда. Иститете направиле и директна штета на изборниот систем злоупотребувајќи ја демократијата и волјата на граѓаните во интерес на своите партиски интереси со умисла повреда на правните норми – рече судијата.

Тој пресуди 3 години и 2 месеци за Мендух Тачи, 4 години и 6 месеци за Бедредин Ибраими, по три години за Влатко Сајковски, Сашо Срцев, Анета Стефановска и Сашо Мијалков.

Поврзани новости