На почетокот од своето обраќање пред парламентот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер, потсети на настаните од крвавиот четврток. Тој рече дека бил шокиран, дека членките на НАТО биле исто така шокирани, но дека импресионира напредокот од тогаш.
Столтенбер порача дека вратите на алијансата се отворени за нови членки, но дека преминувањето на прагот бара уште работа. Тој го повтори ставот дека членство не е можно пред прво да се реши спорот за името со Грција.
-Договорот од Вашингтон нагласува дека земјите членки преку едногласен договор можат да поканат било која европска земја да се приклучи на алијансата. Има место и за други знамиња пред седиштето на НАТО. Земјите член се импресионарни од вашата посветеност и ентузијам да се приклучите. Добро е да се биде амбициозен, но важно е да се биде и реален. Има уште работа што треба да се сработи, ова значи решавање на прашањето со името на вашата земја. Ова е прашање кое му тежи на регионот и оваа земја предолго. Ка поздравуваме волјата на вашта влада за разрешување на ова прашање – рече тој.
Додаде дека сепак членството во НАТО е повеќе од решавање на прашањето за името и дека Македонија мора да ги споделува заеднички вредности со членките на алијансата.
Столтенберг рече дека усвојување на Закон за јазици во парламентот минатата недела бил важен чекор и дека претстојат реформи во судството, тајната полиција, изборите и медиумите.
Во овој дел на опозицијата и порача дека ја дели одговорноста.
-Не само да носите закони, не само да имплементирате реформи, туку и да го отелотворите она што оваа земја треба да биде: слободна, демократска и земја во која ќе се почитува владеењето на правото. Од суштинско значење тука е улогата на опозицијата, следењето и испитувањето на владата е конструктивното придонесување кон процесот – посочи тој.
Столтенберг го поздрави учеството на граѓанското општество и унапредувањето на односите на Македонија со нејзините соседи. Говорот го заврши со промената во внатрешните работи во земјава по разрешувањето на политичката криза.
-Вратата на НАТО е отворена за нови членови, но преминувањето на прагот бара сериозни напори. Пред девет месеци се приближувавте кон работ на една карпа, од потенцијална опасност сега сте блиску до реална можност. Сега се придвижувате кон НАТО, ЕУ и просперитетна иднина. Но се уште постои многу што треба да се стори. Ние ги имаме алатките, а вие ја имате визијата и волјата – заврши тој.