Столтенберг: Да бидам искрен нема план Б за влез на Македонија во НАТО, мора прво решение за името

by fokus

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер, по средбата со премиерот, Зоран Заев, во Владата, уште еднаш потврди дека интегративниот процес на Македонија во алијансата ќе зависи од решавањето на спорот за името со Грција.

-Морам да ја исклучам опцијата за влез со привремена референца. Дека тоа не е возможно се покажа прво на самитот во Букурешт во 2008 година, а се потврди и потоа на самитот во Варшава минатата година. Нема план Б, потребно е прво взаемно прифатливо решение под покровителство на Обединетите нации. Мислам дека е важно да сум искрен. Македонската Влада покажа дека е амбициозна и охрабрен сум од одлучноста на вашата држава. Но треба да се биде реален. Важно е да се препознае и да се види дека НАТО е алијанса која ги носи одлуките преку консензус – рече тој.

Во врска со одлуката на Меѓународниот суд за правда во Хаг, во корист на Македонија, според која Грција ја прекршила времената спогодба, Столтенберг рече дека тоа е правно прашање, а членството во НАТО, пак, политичко.

-Тоа е суд а ова е политичко прашање. Како политичка алијанса ние носиме политички одлуки. НАТО е базиран на консензус, за да се смени одлука се бара поддршка од сите сојузници. Нема да бидам искрен со вас ако индицирам дека постои можност да се избегне прашањето за името – подвлече тој.

Столтенберг зборуваше и за безбедноста во регионот по убиството на лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ. Го осуди убиството и рече дека НАТО остануваа присутни во регинот.

-Убивањето на Оливер Ивановиќ беше навистина пример дека ситуација во Косово не е каде што сакаме да биде. НАТО го осудува убиството. Мислиме дека е важно оние кои што се одговорни да бидат казнети и двете партии да покажат смиреност  и воздржаност. НАТО ќе остане таму за да ги заштти сите луѓе – порача тој.

 

Поврзани новости