Стојанче Ангелов: Отсега ќе бидете Македонци кога ќе одите на грчките плажи, а не Скопјани

by fokus

Генералот, Стојанче Ангелов, напиша порака за придобивките од Преспанскиот договор откако во Собранието во петокот со двотретинско мнозинство беа изгласани уставните измени за имплементација на договорот.

„МАКЕДОНЦИ, отсега натаму кога ќе одите на грчките плажи, нема да бидете Скопјани туку ќе бидете МАКЕДОНЦИ кои зборуваат на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. П.С. Благодарение на Преспанскиот договор“, напиша Ангелов на својот твитер акаунт.

Поврзани новости