468
Јавната обвинителка од СЈО, Лиле Стефанова, која го застапуваше предметот „Ликвидација“ во која обвинет беше и новинарот Томислав Кежаровски, одби да даде коментар за овој случај, за дел од јавноста политички монтиран. Одговарајќи на прашање од гледач, во вечерашната емисија „Правда-неправда“ на 1ТВ, таа рече дека правосилната пресуда е јасна.
-За осудените, за обвинението, за тоа кои биле доказите видливо и јасно е напишано во пресудите и во првостепената и во второстепената пресуда. Јавно обвинителската етика не му дозволува на јавен обвинител да коментира пресудени предмети. Тоа е се што можам да кажам – рече таа.