Српски зет се опил и се заканувал дека ќе ја убие бабата

by fokus

69-годишна гевгеличанка пријавила во полиција дека нејзиниот поранешен зет, кој е српски државјанин, се заканувал дека ќе ја убие нејзе и нејзините две ќерки. Како што соопштија од полицијата 46-годишниот С.К. бил во алкохолизирана состојба кога го предизвикал инцидентот.

„На 12.05.2019 година во 12,15.00 часот во Полициската станица Гевгелија, Ј.П. (69) пријавила дека нејзиниот поранешен зет С.К. (46), српски државјанин, откако се довел во алкохолизирана состојба упатил закани по живот кон неа и кон нејзините две ќерки при што во еден момент се обидел физички да ја нападне една од нејзините ќерки. Од страна на полициски службеници во координација со дежурен ЈО, поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, С.К. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Поврзани новости