653
Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба, Александар Трајковски, кој беше фотографиран во близина на Груевски во Будимпешта, денеска се појави во Кривичниот суд на судењето за насилството во Општина Центар, каде е обвинет. Трајковски помина преку новинарите и ги изигнорира нивните прашања за тоа што прави Груевски во Будимпешта и дали има сознанија како избегал од Македонија.
Трајковски е редовен демонстрант на протестите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ, па така беше и на оние пред Општина Центар, кога беше демолирана бараката на Општината во 2013 година.
Тој е вработен во Царинската управа на Република Македонија, а откако беше „фатен” во Унгарија, оттаму информираа дека тој земал боледување од 5 декември.
Фото: Плусинфо