Помина Договорот со Грција и во трето читање, Џафери му порача на Иванов дека е должен да го потпише

by fokus

Во отсуство на опозицијата Собранието со мнозинство пратениците, или 69 гласа „за“ го донесе Законот за ратификација на Договорот со Грција во трето читање откако претседателот Ѓорге Иванов одби претходно да го потпише указот. Овој пат беа присутени 70 пратеници во собраниската сала, но еден, пратеникот Ферид Мухиќ, гласаше воздржано.

Пред гласањето претседателот на Собранието, Талат Џафери, му порча на претседателот дека овој пат е должен да го потпише.

-Претседателот на Република Македонија е должен да го потпише указот доколку собранието го донесе законот со мнозинство од 61 пратеници во трето читање – рече Џафери.

На потег е Иванов, кој во неколку наврати најави дека ќе го употреби т.н. џебно вето и дека и покрај обврската која му ја наложува Уставот, повторно нема да го потпише указот.

 

Поврзани новости