524
18-годишник од Скопје со иницијали М.М. се здобил со повреди откако бил прегазен вчера на пладне на булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“. Момчето било прегазено од полициско возило марка „Шкода Октавија“.
„На 17.10.2018 година во 13,30 часот во Скопје на булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“ А.Б. (37) управувајќи патничко моторно возило „Шкода Октавија“, сопственост на МВР, удрил во пешак М.М. (18) од Скопје. М.М. бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“-Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.