35-годишен скопјанец со иницијали К.Л. загина утринава во сообраќајна несреќа која се случи околу 10.00 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп. Починатиот К.Л. управувал со такси возило „Мерцедес“ кога се судрил со товарно моторно возило „Волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки.
Во такси возилото биле и две жени, 31-годишната А.И. и 64-годишната М.И. кои се здобиле со тешки телесни повреди. Тие се пренесени во болница во Кавадарци.
„На одделот за хирургија примени се две пациентки, мајка и ќерка, сопатници во такси возилото. Мајката е со хематом на главата, а ќерката има скршеници под колениците. Стабилизирана е нивната состојба и надвор од животна опасност се препратени на скопските клиники“ велат од кавадаречката болница.
На местото на несреќата интервенирала и кавадаречката противпожарна единица која ги извлекла повредените од згмеченото возило.
ФОТО: КТВ