СЈО денеска со нова прес конференција

by fokus

Специјалното јавно обвинителство денеска во 12.00 часот ќе одржи прес конференција, која е најавена на веб страната на ова Обвинителство. Нема информација која ќе биде темата на денешната прес конференција.

Минатата недела СЈО го објави својот шестмесечен извештај, според кој до сега се обработени 515.572 од вкупно 606.555-те аудио-фајлови со кои располага (85 проценти од „бомбите“ предадени од Зоран Заев), при што се изработени 1.784 транскрипти.

„Ова Јавно обвинителство исто така е во процес на анализирање на повеќе од 100.000 аудио-фајлови кои се прибавени при спроведени претреси кај неколку лица и во тек е утврдување дали и во колкав број овие аудио фајлови претставуваат предмет на незаконското следење на комуникациите“, се истакнува во најновиот извештај на СЈО.

Поврзани новости