До кога ние жените мораме да се дотеруваме, за да ги убедиме мажите дека треба да не слушаат, вели професорката, Гордана Силјановска, која е кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Со кратко видео на својот фејсбук профил таа одговори на критиките и нападите преку социјалните мрежи за нејзиниот изглед. Силјановска вели дека има попривлечни фотографии во бекини, но дека не прифаќа да биде инспирација на мажите.
-Ние жените мораме вчено да се дотеруваме за да ги убедиме мажите дека не треба да не слушаат туку треба да не гледаат. Не прифаќам таква улога. Треба да ставиме крај на тоа да бидеме инспирација на мажите. Не да бидеме Гала, или Дора Мар, туку да бидеме Дали и Пикасо во политиката. Политиката стана чудовиште, а ние жените можеме да ја направиме уметност на можното, како што со животот правиме уметност на неможното кога раѓаме – вели Силјановска.
Деновиве ме линчуваат јавно за тоа како изгледам и колку години имам. И ме споредуваат со "лажни" слики на политичарки. Не дека немам попривлечни фотографии во бекини на тие години ама јас не прифаќам да бидам инспирација на мажите! Сакам во политиката да покажам дека жените создаваат уметност на можното!
Publiée par Gordana Siljanovska Davkova sur Lundi 18 février 2019