646
Групата силеџии која денеска вршеше притисок врз Македонците што се одлучија да го искористат своето право на глас во Мелбурн, објави групна фотографија на социјалните мрежи. Против нив се очекува австралиските власти до покренат постапки, откако од Владата известија дека случајот е пријавен во тамошната полиција.
Според силеџиите мал е одзивот на референдумот во Мелбурн. Тие велат дека до 17.00 часот, според австралиско време, гласале само 7 лица.
-Денеска Македонците од Мелбурн испратија јасна и чиста порака. Македонците од Мелбурн не излегоа, има само 7 предавници кои вечно ќе го носат жигот на предавството – вели во пораката во живо на фејсбук Јане Мавчев, еден од оние кои ги снимаа и навредуваа Македонците што гласаа.