Шилегов предлага по 100.000 денари на семејствата на загинатите во несреќата кај Ласкарци

by fokus

Советот на Град Скопје денеска со почеток во 11 часот ќе ја одржи 27-та седница. На седницата ќе се расправа по единствена точка на дневниот ред – Одлука за определување еднократна парична помош за семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа кај село Ласкарци.

„Градот Скопје, како израз на солидарност кон семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово на секое семејство ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ. Паричните средства од член 1 на оваа Oдлука се обезбедуваат од Буџетот на Град Скопје за 2019 година“, стои во предлог одлуката.

По завршувањето на оваа седница, Советот ќе ја одржи 28-та седница каде ќе работи со единствена точка на дневен ред – Поставување советнички прашања, информираа од Град Скопје.

Поврзани новости