Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешната петта седница на Советот на Град Скопје, ги повлече од дневен ред предлог-одлуките со кои беше предвидена промена на цената на водата во Скопје, информираат од таму.
– По извршената длабинска анализа за финансиската состојба и работењето на ЈП „Водовод и канализација“, имајќи предвид дека се политикантски мотивите на Регулаторната комисија, имајќи предвид дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) не ја заснова својата одлука на фактите и реалните потреби на граѓаните, предлагам точките 25, 26 и 27 да се симнат од дневниот ред. Додека јас сум градоначалник на Скопје, граѓаните на Град Скопје поради политикантски одлуки на партизирани органи од минатото, нема потреба да плаќаат поскапа вода. Водата ќе остане со истата цена, а ние со домаќинско работење ќе ги сервисираме сите потреби на јавното претпријатие – рече Шилегов на седницата на Советот.