Шекеринска: Малкумина сакаа да се качат на чамецот на кој требаше да се носат тешки одлуки

by fokus

Договорот е вистинската одлука бидејќи неговото потпишување ќе значи дека помалку наши сограѓани ќе бегаат од оваа држава и ќе бараат егзистенција во други земји, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на отворањето на Меѓународната летната школа насловена „Управување во услови на мигрантски кризи“.

-Овој договор ќе значи поголема интегрираност и повеќе шанси за младите во Македонија, но дава шанса и на регионот кога во време кога целиот свет констатира дека безбедноста повторно е вратена како прва точка на дневен ред – рече министерката.

Во речник на мигрантската криза, Шекеринска потсети дека пред два дена таа со премиерот и уште неколку министри на Преспанското езеро со чамец кој не бил преоптоварен успешно стигнале во грчкото село Псарадес.

– Не беше преоптоварен, бидејќи малкумина сакаа да се качат на чамецот на кој треба да се носат тешки одлуки. На тој чамец влеговме со желба да решиме проблем и спор кој предизвикува многу емоции и во Македонија и во Грција кој трае 27 години и предизвика парализа на Македонија и на нејзините стратешки приоритети. Чамецот не се преврте бидејќи не бегавме од никого, бидејќи одевме во пресрет на една нова перспектива и шанса за сите граѓани на оваа држава и за пoдржувачите на договорот и за оние кои истиот го критикуваат, а можеби за нив дури и повеќе – рече таа.

Според Шекеринска мигрантските кризи треба да престанеме да ги гледаме како моментални проблеми со кои се соочуваме денес, а со надеж дека ќе престанат утре.

-Тие станаа наше секојдневие и според сите анализи се сметаат како еден од клучните феномени кој ќе влијае врз стабилноста на светот – порача Шекеринска

 

 

Поврзани новости