Судот им забрани на Митровски и петмина соработници да го напуштат Скопје

by fokus

Судот му одреди мерки на претпазливост на екс градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митревски и петмина соработници вработени во Општината осомничени за злоупотреба на службената положба при продажба на општинско земјиште. Кривичниот суд вчера ги прифатил предлозите на Основното јавно обвинителство и на шестмината осомничени им одредил мерка забрана да го напуштат местото на живеалиште односно Скопје, одземање на патната исправа и обврска еднаш неделно да се јавуваат во суд.

Вчера утрината Митровски беше уапсен и приведе во полициска станица на распит. Тој и вработени во општината се сомничат  за незаконска приватизација на општинско земиште со што овозможиле парцели да бидат продадени за 1 евро од метар квадратен иако на лицитација земјиштето би постигнало повисока цена.

Основното јавно обвинителство товари вкупно девет лица за злоупотреба на службената положба и несовесно работење во службата. Лицата се осомничени дека во 2014 година постапиле незаконски при одлучувањето во постапки за поднесени барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти, со што нанеле штета во висина од 4.100.090 денари.

Поврзани новости