ДУИ бара во Собранието да се расправа за случајот Алмир

by fokus

Семејството на четиригодишниот Алмир Алиу, денеска се сретна во Собрание со пратениците од парламентарната група на ДУИ. Како што информираат од партијата, во согласност со родителите и адвокатот, пратениците на ДУИ иницирале формирање на Работна парламентарна група, каде ќе биде разгледан целиот случај со малиот Алмир.

Адвокатот на семејството рече дека очекува во овој процес да бидат избелени сите процедурални прекршувања и сите неправди направени од страна на Обвинителството.

„Иницијативата за формирање на Работна Парламентарна Група беше предадена и архивирана уште денес, со иста форма како работната група за случајот Сопот, додека бараме поддршка од сите партии, така што овој процес да не презема политичка, партиска или етничка насока“, велат од ДУИ.

Поврзани новости