600
57-годишен маж од тетовското село Мерово е уапсен откако соселаните го пријавиле дека ја запалил својата куќа, по што сакал да предизвика пожар и во куќата на роднина.
„На 09.04.2023 околу 21.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 57-годишниот А.А. од тетовско Мерово, кој бил пријавен од жители на ова село дека претходно предизвикал пожар во куќата во која престојувал сам и во блиската плевна, а се обидел, според пријавеното, да предизвика пожар во уште една куќа, сопственост на негов близок роднина. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и се работи на расчистување на случајот“, информираа од МВР.