Села револтиран што новите банкноти нема да бидат двојазични, му порача на Заев дека избори ќе има и во иднина

by fokus

Алијанса за Албанците реагира на одлуката на Народна банка првите банкноти што ќе се печатат со новото уставно име на државата да не го содржат албанскиот јазик. Според Алијанса за Албанците оваа одлука е неправедна и во спротивност со Законот за употреба на јазиците.

„Со законот се предвидува банкнотите и полициските униформи да бидат и на албански јазик, или како што е предвидено со Законот за јазиците кој го зборуваат најмалку 20 % од населението на целата територија на Северна Македонија! Овој нов моментум покажува дека владата на СДСМ-ДУИ, која постојано се повикува на двојазичност и се обидува да претставува еднакви вредности на јазична еднаквост, не е доволно подготвена целосно да го имплементира Законот за јазиците. Најавата на гувернерката на Народна банка на Северна Македонија, дека новите банкноти со новото име на државата ќе бидат без албански јазик и само на македонски јазик, ја вади во виделина демагогијата и чаламењето на ДУИ, која постојана на предизборни кампањи и во телевизиски дебати дека новите банкноти и полициски униформи ќе бидат и на албански јазик“, соопштија од Алијансата.

Од таму испратија порака и до премиерот, Зоран Заев, на кого му порачаа дека избори повторно ќе има.

„Му се обраќаме на СДСМ и премиерот Зоран Заев, дека избори ќе има пак во РСМ и тие не ќе можат да манипулираат со Албанците со “јазична еднаквост”, се додека делумно го применува Законот за јазиците, со што им дава до знаење на Албанците дека албанскиот јазик во РСМ воопшто не е официјален и еднаков на македонскиот“, соопштија од Алијанса за Албанците.

Поврзани новости