Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села смета дека референдумот за Договорот од Преспа со кој се предвидува промена на името е непотребен и може само да ги искомпликува работите.
-Рефрендумот може само да ги комплицира работите, да ги продлабочи поделбите во општеството, и е непотребен, уште повеќе кога Договорот со Грција не го предвидува референдумот, туку ако одлучи Македонија да одржи референдум – вели Села во интервју за Алсат-М.
Алијансата за Албанците, додава тој, ќе се произнесе за ова прашање не треба да има дилема кога ќе се одржи Централното собрание. Села зборува и за ставот на пратениците на партијата.
-Треба да се направи дистинкција меѓу нашиот став во Собранието за потребата да се оди на референдум во врска со отворените прашања. Гласавме воздржано, бидејќи сметавме дека е непотребно да се одржи референдум. И самиот факт дека прашањето е консултативно покажува дека бевме во право за ова прашање. Каков и да е резултатот на референдумот повторно тука се пратениците и парламентот да одлучат во врска со Договорот со Грција. Двапати е гласано и е ратификуван договорот, како и за уставните измени, пратениците треба да преземат одговорност и да гласаат – изјави Села.
На прашањето што треба да се смени во Уставот на Македонија, тој вели дека Уставот треба да одразува рамноправност. Според Села, уставните измени треба да бидат искористени за Албанците во највисокиот правен акт на државата да станат рамноправни со Македонците.