383
Возило се превртело на автопатот Градско-Велес утринава околу 6.30 часот, во кое биле пронајдени 13 мигранти, од кои двајца повредени, информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Патничко возило „рено еспејс” со струмички регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во заштитната ограда и се превртело. По незгодата, возачот побегнал од местото, а во возилото биле пронајдени 13 мигранти од кои двајца биле повредени, појасни Додевски.
Тие биле пренесени во Општата болница Велес, а поради карактерот на повредите биле префрлени во комплексот клиники „Мајка тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес.