Се преврте автомобил во Бутел откако 20-годишник изгубил контрола, малолетник се здобил со тешки повреди

by fokus

17-годишник е тешко повреден откако возило марка „форд галакси“ излетално од коловозот и се превртело на улица „Александар Урдаревски“ во Бутел. Со возилото управувал 20-годишник со иницијали Л.А.

„На 23.10.2018 година во 18.30 часот на улица „Александар Урдаревски“ во Скопје, Л.А.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „Форд Галакси“ со германска национална ознака, изгубил контрола над возилото, излетал надвор од коловозот и се превртел. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. По укажаната помош тој бил задржан на понатамошно лекување. Увид извршила екипа од СВР Скопје“, соопштија од МВР.

Поврзани новости