1.1K
СДСМ најави дека наскоро ќе започне изградбата на нова детска градинка во населеното место Волково, која ќе има капацитет за 175 деца.
-Она што го ветивме пред две години, денес станува реалност. По потпишувањето на Договорот со Министерството за труд и социјална политика, Волково добива нова, најсовремена детска градинка со капацитет од 175 деца. Со ова се надминува долгогодишниот проблем со недостаток на градинки во овој дел од општината, но и позитивно ќе се влијае врз унапредување на квалитетот на живот на граѓаните на Волково, Ново Село, Кисела Јабука и Стопански двор – изјави денеска Мирослав Наумоски, претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров.