СДСМ бара одговори за средбата меѓу Николовски и советникот на Иванов, Синиша Алексовски

by fokus

Членот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски, јавно да одговори за средбите со Синиша Алексовски, побараа денеска од СДСМ откако на порталите се појави фотографија од средбата помеѓу потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и советникот за безбедност во кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов.

„Александар Николовски, член на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните треба да им објасни за причините за неговата средба со Синиша Алексовски, советник за безбедност во Кабинетот на Ѓорге Иванов. Алексовски во одредени медиуми се споменува секогаш кога станува збор за странско влијание во земјава, коешто се противи на НАТО и ЕУ интеграциите на Македонија“, велат од СДСМ.

Од таму прашуваат дали Николовски кој пред неколку дена рече дека не е можен подобар Договор со Грција е принудуван јавно да се откаже од овој негов став.

„Јавноста ги очекува одговорите од Николовски и поради информациите за вмешаност на Алексовски и со настаните во Собранието од 27 април“, посочуваат од таму.

Поврзани новости