Владата во една реченица објасни зошто ја предлага сестрата на Јанева за заменик во КХВ

by Fokus

Лиле Делиџакова, сестра на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, е предложена за заменик претседател во Комисијата за хартии од вредност, поради нејзиното професионално искуство, велат од Владата.

-Владата на РМ во изборот на предлог за имиња на членови на Комисијата за хартии од вредност, се водеше по принципот кој од кандидатите има соодветно професинално искуство – изјавија накусо од таму за „Фокус“.

Според документот објавен на медиумите Владата на седница одржана 17-ти минатиот месец предлага нови членови на Комисијата, меѓу кои е и Делиџакова. Предлогот за претседател на Комисијата, поранешната пратеничка на ДУИ, Нора Алити и Делиџакова, ќе биде професионално ангажирани.

Документот е потпишан од премиерот Зоран Заев и е предложен до Собранието.

Поврзани новости