Поранешната шефица на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вели дека јавната обвинителка Фатиме Фетаи го полагала правосудниот испит пред време, а ова и било дозволено од тогашниот министер за правда на ВМРО-ДПМНЕ, Михајло Маневски. Според Русковска, Фетаи ја добила оваа привилегија поради тоа што се покажала како исклучително добар студент.
-И беше дозволено со само една година стаж по завршување на факултетот, да полага правосуден испит пред време. Тоа не беше тајна, сите знаевме во тоа време. Она имаше завршено правен факултет, и наместо две години стаж во правосудство, она после една година од страна на тогашниот министер полагаше правосуден. Образложението беше како многу добар, исклучиво добар студент. Затоа никој не го сфати тоа како погрешно – рече Русковска.
Сепак таа смета дека е погрешно тоа што процедурата не била запазена во случајот со Барлет Џафери, син на претседателот на Собранието, Талат Џафери. За Барлет медиумите објавија дека положил правосуден испит пред да ги заврши студиите.
-Тоа не е во ред. Процедурата мора да биде запазена – рече Русковска.