Полициски службеници во отсечени села на границата со Бугарија, поделија храна и лекови за жители

by fokus

Униформирани полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Исток, вчера во селата Киселица и Селник, во близина на државната граница со Република Бугарија, посетија постари лица кои живеат сами во оддалечени средини на селата Киселица и Селник, кон кои е отежнат пристапот поради снегот.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека, на жителите во отсечените села им е доставена храна и лекови и оставени контакт телефонски броеви за комуникација доколку имаат некаква потреба.

Поврзани новости