Милошоски: Катица Јанева може да уништи траги или да влијае на сведоци

by fokus

Катица Јанева е во позиција да сокрие или уништи траги и да влијае на сведоци, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој смета дека шефицата на специјалното јавно обвинителство во оставка треба да биде во притвор.

„Обвинителката за “рекет и изнуда” знае дека треба да биде во притвор согласно член 165 од ЗКП, бидејќи реално има позиција преку која може да сокрие или уништи траги и прислушкувани материјали злоупотребени во кривичното дело, а уште повеќе може да влијае на сведоците (жртви и/или соработници) во скандалот “Рекет”.
Затоа, не ја очекувајте Катица да даде изјава за медиумите. Покорисно би било да даде изјава пред истражен судија (на претходна постапка) и јавен обвинител!“, вели Милошоски, кој е инаку осомничен во редмет на СЈО, под кодното име „Моќник“.

Поврзани новости