Резултати од владините мерки: Трошоците се намалени за 0,1%

by Fokus

Трошоците на живот и цените на мало во март се намалени за 0,1% во споредба со февруари. Во споредба со март лани трошоците на животот се зголемени за 14,7%, а цените на мало за 10,7%. Овие податоци ги објави  денеска Државниот завод за статистика.

Во март почнаа да се применуваат владините мерки за замрзнување на цените. Прво беше замрзнат лебот, па тестенините и млечните производи, брашното, оризот, овошјето и зеленчукот. Па така, ова се првите резултати од владините мерки.

Според статистиката, во март споредено со февруари, намалување има кај цените на лебот и житата за 4,7%, млекото за 4,6%, маслото и маснотиите за 2,4%, сирењето и урдата за 2,2%, свежото и разладеното овошје за 1,2%, рибата и морските плодови за 0,8% и јајцата за 0,2%.

Пораст на трошоците на животот е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 8,8%, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2,1%, кафето, чајот, какаото, виното за 0,8%, жестоките пијалаци за 0,7%, месото, прехранбените производи, неспоменати на друго место, пивото за 0,6%.

 

Поврзани новости