Пронајдениот мртов кичевец бил задавен, утврди обдукцијата

by fokus

75-годишниот кичевец, кој завчера бил пронајден мртов во својот дом во село Црвевци, починал од насилна смрт – давење, утврдила обдукцијата на телото. Починатиот Б.Б. бил пронајден од соселанец, 59-годишниот С.Џ. кој случајот го пријавил во полиција. С.Џ. соопштил дека старецот имал видливи повреди на телото.

Од обвинителството велат дека вчера дежурен јавен обвинител вршел увид во семејната куќа во село Црвевци, кичевско каде беше пронајдено починато лице.

„Починатиот, 75-годишен жител на селото живеел сам во куќата. Поради сомнение за причините за смртта која настапила кај лицето, јавниот обвинител нареди обезбедување на трагите на лице место и вршење обдукција на телото на починатиот. Од обдукцијата произлезе дека починатиот настрадал од насилна смрт – давење.

Во насока на целосно расчистување на кривично правниот настан, денеска  по издадена наредба на обвинителството повторно се врши увид на лице место со цел прибирање траги и докази од местото каде е извршено кривичното дело“, соопштија од Обвинителство.

 

Поврзани новости