Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ добиле насока да му го симнат мандатот на Груевски

by fokus

Иако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната комисиска расправа во Собранието одбија да се произнесат за мандатот на Груевски, сепак се очекува поголемиот број од нив да гласаат „за“ на пленарната седница која треба да се одржи во петок.

Според извори од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, добиени се насоки да се гласа за одземање на мандатот, па денешниот настап на Комисијата за мандатно имунитетни прашања бил со цел да не се прави од тоа вест на денот.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по вчерашната седница ги охрабри своите пратеници да бидат неселективни и да ги почитуваат законите при гласањето за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски.

„Доколку се исполнети условите согласно закон и Устав за престанок на мандатот на г-динот Никола Груевски тогаш апелираме и ги охрабруваме пратениците во Собранието на РМ да постапат согласно законите и Уставот на Република Македонија“, порачаа од партијата.

И покрај тоа се очекува дел од пратениците да не се водат според оваа одлука. За потсетување Емил Димитриев пред неколку дена изјави дека не може да му го одземе мандатот на Груевски бидејќи не му го ни дал.

Поврзани новости