820
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски кој во вторникот беше пуштен да се брани од слобода со гаранција од 400 илјади евра, кој е обвинет за настаните од 27 април се појави во Собранието, пишува 24 вести.
Очекувањата се дека Василевски ќе присуствува и на собраниската седница на која што неофицијално се очекува гласање за отворање на Уставот. Василевски и Арнаудов се двајца од тројцата пратеници кои што беа пуштени од куќен притвор по изјавата на премиерот Зоран Заев дека нуди помирување за 27 април во замена пратениците да гласаат за уставните измени.