Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен дожд и услови за ретки грмежи.
Времето во понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, попладне на повеќе места пообилни (над 30 л/м2), локално проследени со ретки грмежи. На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Во вторник времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Во среда времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.