Полицијата растера комарџии во Прилеп, двајца ќе одговараат кривично

by Fokus

Полицијата упаднала во објект во Прилеп каде нелегално се организирало коцкање, при што две лица заработија кривична пријава. Во објектот на улица „Борка Левата“ биле затекнати девет лица, од кои три биле фатени како се коцкаат. Од полицијата соопштуваат дека кривичната пријава е поднесена против сопственикот на објектот и против прилепчанецот кој го користел под наем.

„ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.Л.(39) и Б.С.(36) двајцата од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „комар“. На 22.02.2023 во Прилеп, на ул.„Борка Левата“, при извршен претрес во објект сопственост на второпријавениот Б.С., кој го користел првопријавениот И.Л., без склучен договор за користење под наем, биле затекнати девет лица, од кои три играле игри на среќа без издадена дозвола“, соопштија од МВР.

 

Поврзани новости