367
По барање на претседателот на судскиот совет Зоран Караџовски, извештајот на Министерството за правда за злоупотреби со АКМИС системот ќе се разгледува денеска зад затворени врати.
Мнозинството од членовите на Судскиот совет одлучија да ги отстранат новинарите и јавноста од денешната седница кога ќе се расправа за извештајот поради, како што рекоа, осетливоста на темата.
Извештајот, инаку, покажа дека се правени злоупотреби при распределба на предмети во Кривичниот и Врховниот суд.