Пендаровски: Се надевам дека нема да има валкана кампања, за моите противкандидати ќе кажам што мислам во изборната кампања

by fokus

Кандидатот за претседател на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, одбива да ги коментира нападите од опозицијата. Тој денеска изјави дека ќе го чека почетокот на изборната кампања.

-За Силјановска и Блерим Река, кои се мои противкандидати, ќе коментирам од први април па натаму. Не би сакал претходно да кажам што мислам за нив – изјави денеска Пендаровски.

Тој додаде дека се надева на коректна кампања од партиите.

-Сакам да бидат оптимист и да се надевам на тоа. Од моја страна нема да има ниту еден обид за валкана кампања –  порача националниот координатор за НАТО.

Во врска со тврдењата за следење, тој рече дека го пријавил случајот во полиција и дека остава на МВР да ги истражи наводите. Според Пендаровски се работи за комплексна истрага.

-Јас се чувствувам безбедно, иако е непријатно чувство да знаеш дека одиш низ град и дека некој те слика. Но не се плашам за мојот интегритет, имам доверба во институциите – посочи тој додавајќи дека не приметил нови следачи откако го обелодени случајот во јавноста.

Поврзани новости