Во интервју за американската јавна радио станица ПБС премиерот Зоран Заев вели дека евентуално недобивање на датум за преговори со Европската унија може да ја урне неговата Влада.
Зборувајќи за Договорот од Преспа, тој додава дека е горд, но дека се горди и неговите деца и неговите пријатели.
-Со тоа помогнав мојата земја да биде дел од модерниот европски и демократски свет – додава тој.
Во врска со Европската унија тој вели дека Македонија направила се од своја страна, и дека ЕУ сега треба да испорача одлука каква што земјава заслужува.
Новинарот Кристофер Лајвсеј вели дека премиерот Заев е загрижен дека одложувањето на датумот за преговори може да ја загрози коалицијата во парламентот, но и да ја урне Владата.
–Да, секако. Мнозинството ќе биде целосно загубено – вели тој во неформален разговор со новинарот..
На прашањето „Значи влоговите се високи?“, премиерот додава:
-Да, многу високи.