463
Почна седницата на Централното претседателство на ДУИ во партиското седиште на партијата во Мала речица. На седницата се појавија и членовите на „огнената група“, кои претставуваат неформална фракција на ДУИ поради разидувања во политиките со крилото на Артан Груби.
Како што беше најавено од партијата, на денешната седница ќе се разговара за создавањето „Фронт за Европа“. Од таму не откриваат дали ќе се отворат прашањата за раздорот што ја тресе партијата.
Непосредно пред започнување на седницата, „огнените“ предводени од Изет Меџити и Муса Џафери, објавија листа на сите функционери кои биле разрешени од Груби. Од таму рекоа дека овие имиња се разрешени затоа што го критикувале Груби.